Хагирање

5 12 2011

И бидна и тоа Македонија го доби процесот во Хаг…јеее…
Случајно да не треба да се радувам!? И кој кур ако е пресудено во наша корист…да не ќе го вратат времето назад…или демек ќе ја докрајчиме грција на која и падна многу криво поради ваквата одлука (гледам во депресија се)…луѓето таму имаат многу побитни проблеми отколку вакви дневни кич муабети на кои се пали нашава јавност…

Дефиниција за ХАГ-Суд од кој никој нема видено корист (аир, на нашки), само зијан…

Суд надгледувам од никој, сам на себе свој газда, без некоја посебна важност, ОСВЕН, освен кога станува збор за доживотна казна или некоја смртна пресуда…

а денеска ќе се испаѓа на плоштади, ќе се слави за понатамошното НЕ БЛОКИРАЊЕ од страна на педерита за влез во ебаната ЕУ и Нато…

Само да ве потсетам дека во тој ист ХАГ лежи еден наш херој, и настрана сето ова, али мене лично ме здоболе куров што пресудил сатанистичкиот хаг…




Што ли е?

7 10 2011

Што ли ме натера да отворам блогерај по една година, што ли ме натера да се логирам, па уште и да пишам пост…

По прв поглед, нема ништо сменето, ни „радикалисти“ ни „револуционери“ немаме така да шибаме те едно те исто…Али ОК е…

Истите блогери во главном, можда некој нови поактивни кои за прв пат ги забележувам, можда некој ми фали, дефинитивно не е онака како што оставив, но нели се си тече се се менува…

Поздрав блогери, мило ми е што навратив да ве посетам повторно во ова мало катче




Златна рипка

25 12 2010

Не знам зошто е тоа така, но луѓето многу ретко го користат капацитетот кој го имаат. Некогаш не се обидуваат ни да размислуваат.

Еве на пример сите сте слушнале вицови за златните рипки. Да некој ги фаќа, рипката му вика ќе ти исполнам три желби, дечкото си замислува, ваа му ги исполнува…бла бла бла, приказни за мали деца. А што може да си замисли човек, еве што може: ферари, убави жени, многу пари, голема куќа…повторно приказни за мали деца.

Па луѓе мои, користете ја малку вашата имагинација, смислете нешто оригинално, од кое можеби ќе бидете и повеќе во ќар. Бидете иновативни и размислувајте out of the box. Вашата идеја е помоќна од било кое друго оружје на светов. Еве јас што би и посакал на златната рипка, ако постои, и ако воопшто некогаш ја фатам.

1. Да ми даде уште три златни рипки!

-Епа на секоја од тие три, би можел да и посакам уште три златни рипки, па повторно на секоја од тие три, да и посакам уште три златни рипки, па дури подоцна да размислувам на материјални работи. Тоа драги мои се вика математика а рипките ќе се размножуваат по формула 3+3^2+3^3+3^4+…3^n=бесконечно многу желби

2. На други луѓе да не им исполнува желби!

-Ех сега ќе речете јас сум злобен. Па не драги мои…ја знаете онаа финтата, кога фаќаат тројца другари златна рипка, и првен едниот па другиот си посакуваат желба, за на крајот последниот да посака, ниту една од нивните желби да не се исполни. Епа за да ги избегнам ваквите ситуации, си земам еден вид осигурување.

3. Никогаш, аба баш никогаш да не се најдам надвор на овакво време како што беше денеска, во мојот град!

-Не сакајќи да посакувам материјални работи, го посакава ова, бидејќи верувајте не сакавте да бевте на мое место, на ова невреме. Пцуев се`, од време, вода, канализација, возачи, Рамковски, Латас, политичари, иако последниве неколку избори ми се оправдани…На крајот од тоа мое езерско патување, се чувствував како 5 килограми потежок бидејќи патиките ми беа како аквариум, а чорапите како после перење.

За крај, убаво е времето надвор, но само ако сте дома…



Оставете ми поздравени, до наредниот прилив на идеи…




Македонска реалност

18 06 2010

Овие од владава само рекламираат ли рекламираат, како се ова важни одлуки на секој матурант, бла бла бла…

Епа дечково напрвил клипче во кое всушност ги претставува вистинските намери на сите матуранти, а не она што ни го претставува владата…Анти-кампања јеботе…

Ви дава бесплатно критикување или осознавање на работите. Погледнете на работите од друг агол…

YouTube Preview Image

За крај еден графит: Во стварноста, реалноста е сосема поинква!




Цреша

9 05 2010

На мојата цреша во дворот,

секој се качува,

ја обраа,

таа е како курва во јавна куќа,

но разликата е што не плаќаат…

*Се извинувам за непристојноста, но ми ја обраа црешата :)




Само опуштено!

4 05 2010

Па добро бре мора ли на секој „празник“ да се вмешува и политиката и да има препукувања на блогерајот за тоа кој е во право а кој не. Умреле, умреле, оставете ги луѓеето еднаш на мира, џабе пишувате цели реферати кога ништо нема да смените. Нека почиваат во мир сите што умреле на денешен ден, а јас ќе ве заштедам од долгите текстови, и ќе ве оставам во атмосверата на оваа одлична „трака“ и овој фантастичен и РЕАЛЕН спот. Само опуштено!

YouTube Preview Image



Втората Светска Војна во фејсбук стил

22 04 2010

Можда е долго, а е, но издржите, верувајте нема да зажалите

Значи Втората Светска војна, во фејсбук стил, односно ако денес би се одружувала оваа војна, нема да има пушки топови, туку само подбуцнувања и создавања пријателства. Читај повеќе, нема да зажалиш :)

Read the rest of this entry »




Исповед на еден баксуз-неверувач

19 04 2010

Одсекогаш сум ги читал со доза на презир постовите во кои секој си пишува за некој баксузен ден, или некоја баксуз-случка. Едноставно мразам кога некој се жали и се нема среќа во животот, ова ми се случи денес, она ми се случи, па јебига неможете секогаш да имате среќа. А и морам да признаам дека никогаш не сум ги читал до крај, а некои и не сум ги почнувал, едноставно сите се пишувани по истиот шаблон, вовед, инфо за случката/те и заклучок, кој секогаш гласи: Ова е најлошиот ден во мојот живот .
Но од денес поразлично гледам на ваквите постови, и ветувам дека ќе ги почитавам и докрај ќе ги читам. Да откако сето тоа го искусив на своја кожа, или не…не на своја туку видов што му се случува на некој во близина, ако ви е помило така да кажам.

И почнува шаблонот:
Беше ден за тренинг, како и секој ден (бидејќи во нашиот спорт нема одмор), и се разбира истата екипа, со една пумпа и една резервна гума, а посадата брои четири капетани. Откако се извозе до одредена дестинација, бап пумпата се крши, и сите се молиме на некој си човек (no offense buddy), знаете сите како го именуваме, да не се повторуваме, туку зборот ми беше, сите се молиме да не се случи дефект. Но знаете кој е поголем од Господ, поголем е Марфи. Епа драги мои блогери во очај (поради моменталната состојба на блогерајот), претпоставувате што се случи, штом пишувам оваков пост, бап гумата се дупи, не мене, фала богу, ама испадна исто ко мене да ми се дупна, чекањето убива. Ако заборавивте погоре пишав „бап пумпата се крши“, значи имаме дупната гума, здрава гума(ненапумпана) и скршена пумпа. Може ли некој од овие три работи да состави решлива равенка. Веројатно никој, но затоа постојат мобилните телефони, ти-тит-тит-тит, „тато ај дојди земи ми, ми се случи дефект“. Кој татко би одбил, никој. Чекаме едно саат време, и досадата не тера да заѕвониме пак, кога човекот сеуште не тргнал, а знаете зошто, зашто колата не му пали, а знаете зошто не му пали, зошто Марфи вмешал прсти. Добро е, ќе прати друг да го земе возачот, заедно со точакот. Но што ќе чекаме така ќе тргниме пополека, а успат да не сретне едно моторче и возочот. И ете која среќа пак, колата што треба да го земе, не го забележува и се случува уште една дубара, но за тоа нема да зборувам бидејќи, сите приказни не се кажуваат а и ќе испадне преголем пост, а преголемите постови никој не ги чита. Зборот ми беше откако видов што може Марфи да му направи на некој, ветувам дека ќе ви ги читам вашите Баксуз-насловени постови, и нема да оставам по default коментари :D :)
И за крај мора да има шлаг на тортата: во моментот кога планирав да го пишувам постот, падна блогерајот, и беше паднат се до денес, т.е 2-3 дена, па нели тоа вистински филинг. ОЛЕЕ ЗА МАРФИ, you son of a bitch




Песна

31 03 2010

Една песна со одличен предговор, од феноменалниот Џорџе Балашевич. Пробајте да го изгледате цело видео…и се разбира секогаш оставајте време да ги послушате и советите на вашите пријатели и роднини, но не премногу, градете се како самостојна личност, со свој став. И нешто што ме учи секогаш татко ми, најважно во животот е да прживееш во целиот тој смет. (сватете го на ваш начин :) )

YouTube Preview Image



Мериан вируЗ

27 03 2010

Здраво,
Моето име е Merian трагам по една убава како тебе кои ги разбираат значењето на љубовта како доверба и вера во себе, а не оној кој чини дека љубовта е само начин на забава туку mattured еден како тебе. По читањето на профилот денес (blog.mk) i Pick интерес во вас, ве молиме да одговорите на мене (Merianpatric@yahoo.com), така што можам да ви испрати ми слика и јас исто така ќе сакате да го видите вашиот слика сум чекање за вашиот одговори i love you со вера и доверба,

Hello,
My name is Merian am searching for a nice one like you who understand the meaning of love as trust and faith in each other rather than one who seems love as only a way of fun but a mattured one like you. After reading your profile today at (blog.mk) i pick interest in you please reply to me (Merianpatric@yahoo.com)so that i can send you my picture and i will also like to see your picture am waiting for your respond i love you with faith and trust

____________________________________________________________
Претпоставувам дека СИТЕ на блогерајов се запознати со поракава, а и дека некој пред мене веќе пишувал на оваа тема. Епа од оваа порака секој од нас може да заклучи неколку прости работи

-Мериан не е по потекло Македонец/ка зошто јазиков на кој е напишано писмово ми личи на оној што го употребуваат нашите ни етнички браќа

-Штом не е по националност Македонец/ка, користела гугл транслејт за да го преведи писмото од англиски на Македонски и тука сите да не испамира, а гугл транслејт е катастрофа, па затоа има милион граматички грешки

-Ова не е заклучок туку прашање, дали нашата ни мила и драга Мериан е заинтересирана за мажи или жени.

-Нема никакви информации на профилот за мене, така да неможеш да прочиташ ништо што би те заинтересирало

И на крај драги мои блогери и блогерки, мојот заклучок е дека Мериан е ЉУБОВЕН ВИРУЗ, кој не бира ниту пол ниту вера, но затоа пак ги сака вашите ПАРИ ОД КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА :)